X
 01.04.2018 Култура

Поп-песни посветени на поинаква љубов

песни
Фото: Thinkstock

На многу луѓе им е тешко да ги поврзат поп-песните со религиозни теми. Сепак, постојат многу примери во кои мејнстрим-уметниците се насочувале кон Бог и верата. Ова се некои од нив.

1. Лени Кравиц, „Are you gonna go my way“



Инспирацијата за песната Лени ја добил во еден миг и стиховите веднаш ги запишал на хартиена кеса - тие одговараат на неговите религиозни чувства.

Оваа рок-ѕвезда има тетоважа: „Моето срце му припаѓа на Исус“, а самиот Кравиц го нарекувал Исус ултимативната рок-ѕвезда.

2. U2 - „Until the end of the world“



Многу религиозни теми се провлекуваат низ песните на „Ју-ту“. Многу песни на овој бенд се базираат на религијата. Неговата наративно најсилна песна е токму „Until the end of the world“.

3. Тhe Byrds - „Turn!Turn!Turn!“



Големиот хит на оваа група од 1965 година го претставува третото поглавје на „Книгата на спасителот“, во која главниот лик ја истражува смислата на животот, Бог и вечноста.

4. Принс - „Let's go crazy“



За оние што се на патот кон правдата, наградата е задгробниот живот. Принс оваа песна ја снимил како доста религиозна, но многумина ќе речат дека религијата никогаш не била толку забавна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура