X
 30.08.2021 Култура

Излезе првиот трејлер од новиот документарец за Михаел Шумахер

„Нетфликс“ го објави првиот трејлер за новиот документарен филм за животот и кариерата на легендата на „Формула 1“, Михаел Шумахер.

Ова е единствениот документарен филм целосно поддржан од семејството на Шумахер и вклучува интервјуа со роднини, важни личности во неговата кариера и архивски снимки.

Трејлерот го покажува напредокот на Шумахер уште од раните картинг-трки сѐ до победата на трките во мотоспортот.

Сепак, мала е веројатноста да понуди какви било новости за неговата состојба. За Шумахер не се знае речиси ништо уште од неговата несреќа при скијање во 2013 година, кога претрпе повреда на мозокот, а семејството побара неговата состојба да се чува во тајност.

- Чувствував дека е посебен. Мислам дека едноставно е ментално силен. И ден-денес ми го покажува тоа - вели во филмот Корина, сопругата на Шумахер.

Таа била клучна за создавање на документарецот.

- Самата сакаше да сними автентичен филм, да го покаже Михаел таков каков што е, со сите негови подеми и падови - вели режисерката Ванеса Нокер.

- Таа беше доволно храбра да ни даде слобода, па затоа ги почитувавме и се држевме до нејзините граници. Станува збор за инспиративна, топла жена која остави траен впечаток врз сите нас - додава таа.

За потсетување, Шумахер на 29 декември 2013 година удри со главата во камен додека се скијал со неговиот син. Бил префрлен во болница каде што двапати бил опериран, а кацигата за скијање му го спасила животот. Потоа шест месеци поминал во медицински предизвикана кома, во стабилна состојба.



Извор: Timesmotors.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура