X
 09.04.2018 Технологија

Седум трика за полесно користење компјутер


Девојка со молив в уста пред компјутер.
(Фото: Pixabay)


Прочитајте и запомнете – може да ви затреба во одреден момент.

Што ако случајно затворите некој прозорец со содржината што ви треба? Како да зачувате веб-страница во ПДФ-формат? Ви споделуваме седум корисни трикови што можат многу да ви ја олеснат работата и да ве поштедат од нервози.

Случајно сте го затвориле потребниот прозорец во пребарувачот? Еве како повторно да го отворите.


Ако случајно ви се случи погоре опишаната ситуација, во оперативниот систем „Виндоус“ ќе можете повторно да го отворите навидум загубениот прозорец ако истовремено притиснете Ctrl, Shift и T. За компјутерите со оперативен систем „Мек“ треба да ја притиснете комбинацијата Cmd, Shift и T.

Како да ја зачувате веб-страницата во ПДФ-формат?

Во „Виндоус“ притиснете заедно Ctrl и P, па одберете Save as PDF. За „Мек“: Cmd и P, па од подменито одберете Save as a PDF.

Како да најдете книга на „Гугл“?

Во пребарувачот „Гугл“ отворете напредно пребарување и изберете го форматот на датотеката – PDF, DOC, RTF, DjVu – па впишете го насловот на книгата.

Како пребарувачот „Гугл“ да го претворите во дигитрон?

Во пребарувачот „Гугл“ внесете формула (на пример, 100/1,25 или 18+532) и притиснете Enter.

Како да зачувате страница на „Фејсбук“?

Ако сакате да зачувате страница на „Фејсбук“ за подоцнежно прегледување, изберете Save link на врвот на страницата. За да можете повторно да го видите тоа што ве интересира, во менито отворете го Saved.

Како брзо да ја промените големината на фонтот во „Ворд“?

Постапката за брза промена на големината на фонтот во програмата „Ворд“ на „Виндоус“ и во панданот на „Мек“ е иста: Притиснете истовремено Shift и F3.

За што служат малите испупчувања на копчињата?

Копчињата F и J на тастатурата имаат мали испупчувања. Дали знаете за што служат? Тие се за да ни помогнат да пишуваме „на слепо“. Врз нив би требало да ги поставиме показалците од двете раце.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија