X
 25.02.2017 Образование

Трикови со кои ќе ги подобрите математичките вештини

Калкулаторите понекогаш се одлични, но не е добро секогаш да се потпирате на нивната помош кога станува збор за математички проблем. Менталната математика не е толку тешка како што звучи, само треба да употребите мозокот правилно.

Додавајте и одземајте од лево кон десно

На училиште сигурно учевте да собирате и одземате од малите вредности кон големите. Пробајте обратно: при собирање на 58 и 26, започнете со првата колона т.е. 50+20=70, потоа втората 8+6=14, што е вкупно 84.

Поедноставете ги операциите

Кога имате посложена операција како 593+680, на пример, додате 7 на 593 за да добиете 600 за полесно да ја извршите операцијата. 600+680=1280, а потоа одземете го бројот 7. Одговорот е 1273.

Научете ги табелите на памет

Кога ќе ја научите на памет таблицата за множење многу полесно ќе доаѓате до одговорите без калкулатор. Научете ги и другите основни табели. Ако Ви се случи да ги заборавите, едноставно, повторете ги.


Фото: Pixabay

Запомнете интересни задачи со множење


Едно од најочигледните правила е дека ако множите со 10, резултатот завршува на 0, а ако множите со 5 на 5. Кога множите со 12, тоа е како да множите со 10 + два пати тој број: 12*4, 4*10=40, 4*2=8, одговорот е 48.

Квадратите се на Ваша страна

Иако се чини како голема задача, запомнувањето на сите квадрати од 1 до 20 не е толку тешко како што се чини. Тоа е нешто слично како таблицата за множење. Ако множите на пример 15*11, треба да го најдете средниот број, а тоа е 13. Квадрат од 13 е 169. Квадратот од разликата во просекот (15-13 и 13-11=2) е 4, па 169-4=165.

Во ред е да заокружите

Кога ментално решавате одредена задача со поголеми цифри, немојте да се грижите ако го немате точниот број.

Кога имате дилема, прераспоредете

Ако 5*(14+43) е тешка задача, слободно прераспореде на начин на кој Ви е најлесно, а тоа е секако да имате и цели десетки во операцијата. Па така (5*14)+(5*40)+(5*3)=285
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование