X
 22.09.2016 Технологија

Пребарувач што го скенира целиот интернет

Минатиот месец истражувачи од SEC Consult  откриле дека одредени производители на домашни рутери и други интернет уреди го користеле истиот сет на хард-кодирани криптографски клучеви, со што околу 3 милиони вакви уреди се достапни за интернет криминалците.

пребарувач


Ова го откриле со помош на Censys – пребарувач што го скенира дневно целиот интернер за сите ранливи уреди. Тој има комплетна база на податоци за сé што е на интернет и е сличен со Shodan, кој има за задача да лоцира уреди што биле вклучени на интернет без да се превенира недозволен пристап. Censys има понапредни методи за детектирање на вакви проблеми и е прв пат пуштен во употреба од истражувачи од Универзитетот Мичиген, а е поддржан од Гугл.

Како функционира Censys?


Пребарувачот собира информации за хостови и интернет страни преку скинирања на IPv4 местото во адресата – верзијата на интернет протоколот 4 што насочува најголем дел од интернет сообраќајот. Тој користи 2 алатки: ZMap – скенер на мрежа со отворен код и Zgrab – скенер на слојот апликации. Во базата на податоци се прикажува како хостовите и интернет страните се конфигурирани.

ZMap дневно скенира преку 4 милјарди IP адреси и помага да се открие дали уредите што се поврзани со интернет имаат некои аномалии пред да бидат пробиени од хакери. Закир Дурумерик, еден од истражувачите, вели дека пронашле автомати за пари, сефови на банки, и индустриски контролни системи на кои им биле поправки. Censys ги детектира и грешките направени од IT администраторот.

Во истражувањето
погледнете ги другите детали за пребарувачот или следете го туторијалот за да пробате како тој работи.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија