Желбата за успех е многу нормално да ја имате. Нормално е и да треба да правите одредени работи и да вложите напори за да го постигнете. Но, за жал, успехот бара и пожртвуваност.
Ако сакате да станете успешни потребно е да си го трансформирате животот за да станете оној кој што сакате да бидете.
Откажете се од стравот – не играјте на мало. Не плашете се да пробате нови работи и да ги следите вашите соништа. Работете на вашиот потенцијал и на она што ви е страст во животот.
Откажете се од очекувањата за совршенство – ништо нема да биде совршено без разлика колку сакате да биде. Затоа не стремете се кон совршенство и не дозволувајте стравот дека нема да бидете добри да владее со вас. Наместо тоа, преземете акција и не чекајте совршени околности.
Откажете се од изговорите – Вие сте креатори на вашиот живот. Успешните луѓе ги преземаат нештата во свои раце и знаат дека тие се одговорни за нивните животни избори – и падовите и поразите.
Откажете се од „кратковидоста“ во размислувањата – успешните луѓе прават долгорочни планови кои ги следат со секојдневни навики. Навиките им стануваат дел од она што се. На пример, постои разлика кога вежбате сезонски или кога тоа е дел од стилот на живот.
Откажете се од извршување на повеќе работи во исто време – за успех е важно да се фокусирате на една задача без разлика за каква задача станува збор.
Откажете се од потребата да се допаднете некому – често без разлика колку и да сте се потрудиле за нешто, тоа може да не им се допадне на другите. И тоа е во ред. Но, вие и понатаму треба да верувате во себе и во вашите способности, и треба да Ви е јасно дека не можете да очекувате сите да ве сакаат.
Откажете се од оддобрувања за работи кои ве држат подалеку од вашите цели – успешните луѓе знаат дека со цел да доживеат долгорочен успех треба да се откажат од многу краткорочни задоволства. Затоа, подгответе се да кажете „не“ на планови и активности кои го забавуваат тој процес.
Откажете се од нездравиот начин на живот – секое достигнување започнува со вас. Грижата за здравјето е од особена важност. Запомнете дека две нешта се многу важни: здравата исхрана и физичката активност.
Откажете се од теоријата дека може да контролирате сѐ – единствено што треба да учите е како да се контролирате себе си и тоа што зависи од вас.
Откажете се од токсични луѓе – свртете се околу вас и посветете време да направите анализа на луѓето што се околу вас. Колку тие ве оттргнуваат од вашите цели? Дали нивното влијание е позитивно или негативно? Ако е потребно, намалете ги контактите уште веднаш.