X
 18.01.2020 Образование

10 начини како да се мотивирате да учите

„Од утре ќе почнам да учам. Ќе научам сè и добро ќе се подготвам“. Колку пати сте помислиле вака кога сте биле свесни дека ве чекаат тешки испити на факултет? Обично од планот не останува ништо бидејќи е тешко да се мотивирате за учење особено по подолг период на стагнирање.

Ви пренесуваме десет стратегии со кои ќе ја поттикнете мотивацијата за учење, а со самото тоа ќе постигнете подобри резултати и ќе бидете позадоволни од себеси.

 1. Направете договор со себеси

 Во главата направете си договор со себеси. Доколку сте свесни колку материјал ве чека и знаете дека ако не седнете ќе паднете, направете одредени санкции и казни доколку не го испочитувате договорот и не го положите испитот. Доколку го положите испитот, следува награда која ќе ве мотивира.

 2. Не чекајте инспирација за учење

 Не сте уметник или писател, па да чекате да ве погоди гром од инспирација за да почнете да учите. Започнете со учење веднаш. Тоа треба да ви биде приоритет број еден, кој не смее да се одложува.

 3. Отстранете сè што ви го одвлекува вниманието

 Направете свој простор за учење и оттаму тргнете ги сите работи што ќе ви го одвлекуваат вниманието. Тоа значи исклучување на компјутерот и интернетот на мобилниот. Потребни ви се само пенкало, хартија и книгата. Правете пауза, бидејќи доколку сте преморени, многу потешко ќе ги примате информациите.

4. Планирајте го учењето

Познато е дека планирањето е 90% успех. Можете да учите без план, но тоа значително ќе го намали процесот на учење. Затоа направете добар план. Дневниот план на учење навистина ќе ви помогне.

 5. Постигнете мали успеси на самиот почеток

 Ако ви тргне добро и видете дека учењето ви оди брзо, ќе ви биде многу полесно да преминете на новиот дел на материјалот. Затоа поделете го материјалот на помали целини и секоја целина учете ја посебно. Така побрзо ќе ги совладате, а чувството дека сте успеале ќе ве мотивира уште повеќе.

 6. Феноменот снежни топки

 Доколку материјалот е особено досаден и напорен, потрудете се да пронајдете барем еден дел кој ќе ве заинтересира. На пример, поглавје кое е полесно и поинтересно од другите. Така материјалот побрзо ќе го запаметите, па со тоа ќе ја зголемите и самодовербата. Како и снежните топки, кои се зголемуваат со малку додавање снег, така и вашите активности ќе се зголемат со текот на времето.

7. Немојте да решавате повеќе задачи наеднаш, решавајте една по една

 Иако во текот на учењето сигурно ќе постојат голем број пречки, таканаречениот „мултитаскинг“ не би требало да биде една од нив. Немојте да си задавате повеќе работи истовремено. Тргнете прво со една задача која сте си ја дале себеси и додека не ја завршите, немојте да тргнувате на нешто друго.

8. Размислувајте за иднината

 Што ќе ви донесе полагањето на овој испит? Дали ќе научите нешто корисно што би можело да го применете во животот? Дури и ако не биде, барем ќе се ослободите од уште еден испит и со мирна совест ќе продолжите да освојувате понатамошни предизвици.

 9. Не гледајте на грешките негативно

 Дури и да направите нешто погрешно, не гледајте го од негативната страна. Оној што греши не се развива и му е страв да напредува. Секое лошо искуство гледајте го како можност за промена и надградување.

 10. Учете со пријателите

 Доколку имате ист испит, учете со колеги или пријатели. Направете си кафе и заедно почнете да учите. Прочитајте ги важните работи заедно, зборувајте за нејасните работи, па конверзацијата во врска со материјалот значително ќе ви помогне да запомните некои поважни работи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование