Кампањското учење е нешто што им е познато на повеќето студенти и ученици. За ова може да се зборува уште години, но сите ќе имаме момент кога ќе мора да го оставиме учењето за последниот ден или последната недела. Еден трик од Еван Хоскинс од интернет-страницата „Flock U“ ќе ви помогне кампањското учење да го претворите во предност.
„Јас сум голем прокрастинатор, и знам дека многу мои пријатели се слични. На факултетот секој ден едвај стигнував до рокот и секогаш си ветував дека следниот пат ќе започнам на време. Можете да си замислите.
Секогаш беше исто. Избегнував работа до последниот момент, а потоа во 5 до 12 префрлав во повисока брзина и завршував сè во последниот момент. Никогаш немав време да го прегледам и преправам она што сум го напишал, така што никогаш не го предавав најдобриот труд кој можев да го напишам.
Ви звучи ли ова познато? Многу од вас се како мене. И тоа не значи дека сите сме мрзеливи. Кампањците едноставно функционираат различно. Ние сакаме да работиме. Сакаме да вложиме труд. Но во исто време ни е потребен оган зад петиците.
Јас на разни начини се обидував да се борам сам со себе. Користев трикови и истражувања и слични работи. Ништо не делуваше. Не можев да сменам кој сум и како работам. Сè додека еден пријател не ми го откри овој трик.
Едноставно зададете си поран рок. Не мора да го промените начинот на кој работите. Прифатете се и искористете го тоа во своја корист. Сами поставете си услови. Ако рокот ви е во петок, вие поставете рок до среда. Запишете ги во календар, залепете на компјутер. И немојте својот рок да го направите безопасен. Дајте му моќ.
Кажете им на другите, родителите или било кому, или уште подобро, ветете си награда кога ќе го исполните. Во најлошо сценарио, дури и ако го пропуштите својот рок, ќе имате уште малку време бидејќи веќе сте започнале да работите.
Овој трик мене многу ми помогна во третата и четвртата година. Би можел да ви помогне и вам. Освен доколку не го одложите читањето на овој текст до следниот пат.“