X
 10.02.2015 Култура

Аудио и видео серии за учење странски јазици

Од видеа на јапонски до врести на германски јазик се понудени од страна на блогерката Линдзи Доу која ги препорачува своите омилени места за учење јазици.

Креативно учење на јазик

Керстин Хамс е германски професор кој на својот блог има аудио предавања за учење јазици кои ќе ги мотивираат и најмрзеливите.

Предавања за течно говорење

На ова место има предавања на разни теми за учење јазици, како помалку познати јазици и врската помеѓу патувањето и јазиците.

Серијата „101 иновативни јазици“

Ова треба да биде местото каде ќе дојдете веднаш штом ќе започчнете да учите нов јазик бидејќи тука има многу јазици, а дискусиите за нив се детални.

„Спори вести“

Епизодите од „Спори вести“ се достапни на француски, италијански и шпански јазик за ученици од сите нивоа.

Учете француски со Фредерик Бибар

Научете многу културни информации за Франција и францускиот јазик. темите се интересни и различни, но и незаменливи доколку учите француски јазик.

30 минути на италијански

Доколку италијанскиот е вашиот јазик, ова е за вас. Вокабулар, граматика, култура и говор на италијански на едно место.

„Yes Japan“

Серијата е наменета за учење граматика, вокабулар и култура во видео формат. Јазикот е јапонскиот.

„Spanish Obsessed“

Еден од најдобрите помошници за вежбање на шпанскиот јазик со кој слушате природен разговор на јазикот.

„Спор кинески“

Ова е одлично за почетниците. Јазикот е комплициран за учење, а неговото слушање е многу битно за учењето.

„Deutsch Welle“

Серијата нуди многу извори за учење германски јазик. Име по нешто за сечиј вкус и за секое ниво.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура