X
 18.02.2017 Живот

Колку луѓе може да соберат најголемите згради во светот?

Ако ги земеме сите 7.5 милијарди луѓе на Земјата и ги ставиле во една зграда, колку голема треба да биде?

Секако, постои пример за вакво нешто, од каде што произлегува прашањето. Имено, во едно гратче во Алјаска, скоро секој жител живее во истата зграда. А постојат толку многу вградени објекти, како што е парк, болница и хотел, што тие никогаш не мораат да заминат.

Меѓутоа, ова е мал град - што ако требаше да го сместиме целото глобално население во една зграда?


Фото: Pixabay

Да започнеме од згради кои навистина постојат, како што е „АТ&Т Stadium“ во Арлингтон, Тексас, во кој бери 80.000 луѓе. Па така, доколку живеењето вклучува само седење, тогаш на ова место може да се пресели целото население на Андора - малечка европска државја која се наоѓа меѓу Франција и Шпанија.

Но, колку и да е голем стадионот, не е најголем во светот - Рунградо стадионот во Пјонгјанг, Северна Кореја, нуди седишта за 114.000 луѓе, што значи дека тука може да се смести 20% од населението на Вајоминг.

Да не заборавиме на внатрешниот стадион кој нацистите планираа да го изградат, кој теоретски би можел да смести 180.000 луѓе.



Како што видето подолу објаснува, германските архитекти пресметале дека влагата од дишењето на луѓето во внатрешноста ќе создаде нов внатрешен систем на времето, полн со вештачки воздух.

Големата џамија во Мека, во Саудиска Арабија, има капацитет да собере 4 милиони луѓе, што значи целото население на Панама.

Ако претпоставиме дека пет жители на квадратен метар е доволно удобно за целите на експериментот, Тесла Гигафактори која моментално е во изградба во Невада, може да собере 2.650.000 луѓе, додека Кристалниот остров во Москва, Русија, бил дизајниран за неверојатни 12.500.000 луѓе - повеќе од целото население на Белгија.

Но, што ако размислуваме во однос на целосната вселена? На видеото подолу, ова прашање подетлано се одговара.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот