X
 25.05.2016 Образование

Кинеските студенти се` почесто жртви на лажни универзитети

Половина месец пред милион средношколци во Кина да го полагаат националниот приемен испит за колеџ, таканаречен „Гао Као“, се појавија нови лажни колеџи.

 

Kina


Листата објавена минатата недела на веб страната sdaxue.cоm, која им помага на студентите да изберат високообразовни институции, изложи 73 кинески универзитети и колеџи како не-акредитирани „мелници“ за дипломи. Веб страната ја објавува својата годишна листа на лажни училишта уште од 2013 година.

На листата се појавија 23 училишта во Пекинг кадешто се наоѓаат голем број врвни универзитети во земјата. Шандонг се најде на второто место, со 8 лажни колеџи, додека Шангај има 7.

Имињата на институциите обично имаат изменети верзии од имињата на вистинските универзитети и колеџи за да ги збунат потенцијалните студенти. Акредитацијата обично е фабрикувана или застарена.

Според веб страната, 66 од 73 лажни колеџи не се нашле на списокот на колеџи објавен од Министерството за образование, додека 6 користеле поранешни имиња на легитимни колеџи.

Новинарите на „Xinhua“ исконтактираа неколку од нив, кои наводно се наоѓаат во Пекинг, меѓутоа ниту еден колеџ не беше достапен на дадениот телефонски број. Повеќето од нивните адреси се наоѓаат во предградието на градот, што е прилично тешко да се најдат. Некои адреси пак, како на пример адресата на „Пекинг нормален универзитет за наука и технологија“ едноставно не постојат.

„Одобрен од општинската комисија за образование во Пекинг, нашиот колеџ ги тренира талентираните за образование и глобални работни услуги“, пишува на веб страната на Пекинг Институтот а градежништво и архитектура кој наводно се наоѓа во областа Чаојанг во Пекинг.

Колеџот тврди дека има повеќе од 16.500 студенти и одлични објекти. Новинарите не можеле да го лоцираат колеџот на дадената адреса, иако на адресата се наоѓа стручно училиште, кое тврди дека не постои друг колеџ таму.

Наводно, колеџот го позајмил името од Универзитетот во Пекинг за градежнишвто и архитектура. Билтените и фотографиите од сликите исто така се копирани од веб страна на друг универзитет.

Тонџи Ѕниверзитетот за медицински науки во Пекинг, кој тврди дека бил основан во 1938 година во Чаојанг областа исто така е непостоечки. Еден вработен во хотел во близина вели дека никогаш не слушнал за таков колеџ во последните 40 години.

Голем дел од овие фиктивни колеџи имаат сопствена веб страна, каде можат да бидат најдени и потврдени нивните лажни сертификати.

„Со текот на годините сме добиле многу извештаи од страна на студентите кои биле измамени од лажни веб страни“, вели Чен Џиангпинг, поранешен супервизор на sdaxue.com. Еден студент изјавил дека потрошил 10.000 јуани за онлајн курсеви на колеџ во Шангај, но подоцна не можел да ја пронајде својата диплома на официјалниот сајт.

„Голем дел од нив имаат странски IP адреси, па тешко е да се надгледуваат“, вели тој.

Чи Зхаохуи, научен соработник на Националниот институт за образовни науки вели дека лажните колеџи кои велат дека се наоѓаат во градови како Пекинг и Шангај често пати ги лажат студентите од помалите, далечни градови.

Тој посочува дека владата ги идентификува лажните колеџи и го спречува нивното ширење, и ги советува средните училишта да ги советуваат средношколците и да им ги отворат очите.

Ванг Џинхаи од Џиангкси Универзитетот за финансии и економија смета дека само со интервенција на полицијата, образовните власти и индустријата ќе се реши проблемот.

„Кина треба да работи со другите земји а да ги спречи овие лажни веб страни“, вели тој.

Образовните власти во Пекинг се координираат со полицијата за да ги истражуваат и затворат лажните универзитети.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование