Подолгите периоди на осаменост звучат лошо за многумина, но најкреативните луѓе редовно наоѓаат време да бидат сами бидејќи уживаат во тоа.
Психолози од повеќе американски универзитети направиле анкета на над 2.000 волонтери со цел подобро да разберат како се развива креативноста кога немаме обврски. Било заклучено дека лицата што се покреативни поретко чувствувале здодевност кога биле сами.
- Разбирањето зошто различни луѓе размислуваат на различни начини може да доведе до ветувачки промени за подобрување на здравјето и благосостојбата - вели Џесика Ендрус-Хенас, која е дел од авторите.
Пандемијата покажа дека малкумина уживаат во долгите периоди на осаменост, но за некои, социјалната изолираност е скапоцена можност за креативно размислување.
Во рамките на анализата психолозите направиле и тестови за креативно размислување на 90 волонтери, кои ги потврдиле наодите од анкетата. Психолозите заклучиле и дека креативните лица имале подобро поврзани мисли во споредба со другите кои често скокале меѓу неповрзани идеи.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay