X
 11.12.2020 Образование

Група средношколци протестираа против државна матура. Од МОН велат дека мора да се полага

Група средношколци, организирани под иницијативата „Глас на средношколците“, денеска излегоа на протест за да побараат и оваа година да не се полага државната матура, поради тоа што наставата се одвива онлајн, во време на пандемија. Средношколците го блокираа булеварот „Св. Кирил и Методиј“ откако претходно се собраа пред Министерството за образование и наука.

Државна матура треба да има затоа што со неа се заокружува стекнатото знаење и она што е многу важно ги насочува учениците во понатамошниот образовен процес, велат од МОН.
-Образованието мора да продолжи да тече дури и во услови на пандемија, бидејќи се работи за иднината на младите генерации. Министерството за образование и наука нема да дозволи пандемијата да се одрази на развојот и напредокот на учениците, а со тоа и на иднината на нашата држава. Иако, оваа година сите се соочуваме со нови предизвици, со огромен ангажман и посветена работа на наставниците, учениците и родителите обезбедиме континуитет во образовниот процес. За ова се бориме од самиот почеток и нема да отстапиме од оваа цел - информираат од МОН.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование