X
 18.02.2022 Живот

Уникатна канцеларија во Јужна Кореја со парк во средината на 16-катницата

Додека компаниите ги преиспитуваат своите канцелариски простори за иднината погодена од пандемијата, еден заеднички пристап е да се направи типично задушливата канцелариска средина малку повеќе поврзана со природата.

Кога вирусна инфекција се шири низ воздухот, едноставниот чин на отворање прозорец или излегување во двор добива ново значење. Една банка во Јужна Кореја изгради спирален парк во своето ново седиште.

2

Зградата, која сега се гради за „Хана фајненшл“, е комплекс од 65.000 квадратни метри со четири крила. меѓусебно поврзани со рампи и гледаат во голем атриум. Од далечина зградата изгледа како шпил карти среде мешање.

Дизајнирана од архитектонската фирма „Ен-би-би-џеј“, новата кула има 16 ката, а нејзините кривулести рампи овозможуваат континуирано одење од нивото на улицата до покривот и назад. Интересно е тоа што новото седиште на банката „Хана фајненшл“ се обидува да ги привлече и посетителите и луѓето што ќе работат таму.

3

Наменет е да биде центар на корпоративниот кампус во развој, кој вклучува посебни центри за податоци и истражувачки центри. Новиот кампус се наоѓа на околу 50 километри од Сеул, во градот Сонгдо, специјална економска зона и паметен град. За „Хана“, со седиште во моментов во Сеул, заминувањето од центарот на бизнисот и на културата во Јужна Кореја е коцкање - и тоа значело дека не треба само да изградат типична деловна зграда.

4

- За да привлечеме врвни таленти, требаше да направиме подлабоко преиспитување не само на надворешниот дизајн на зградата, туку и на тоа како луѓето работат во неа - вели Роберт Манкин, партнер во архитектонската фирма „Ен-би-би-џеј“.

5

Дизајнерите почнале да размислуваат за тоа како деловната зграда би можела да биде она што тие го нарекуваат ресторативно работно место. Дизајнот промовира љубопитност, креативност и избор за тоа каде може да се случат различни видови работа, вели Манкин. Станува збор за работно место кое е дизајнирано околу здравјето и каде што има можност луѓето да бидат поздрави кога ќе го напуштат работното место отколку кога ќе пристигнат на работното место.

Извор: Fast Company
Фото:  tmrw.se/NBBJ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот