X
 18.03.2016 Образование

Успешни бизниси започнати во студентски домови

Сите ја знаеме приказната на Марк Закерберг и неговите студентски денови. Впрочем, неговите студентски денови биле и деновите кога била создадена најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“. Но, тој не е единствениот студент кој отворил успешен бизнис во студентските денови.

Колачиња за несоница

Сет Берковиц учел во текот на ноќта еднаш во 2003 и забележал дека немал многу опции за задоволување на желбата за благо. Така, тој одлучил да си направи колачиња. Подоцна, тој започнал да ги продава на кампусот, а потоа го проширил бизнисот и на други места низ САД.

„Modcloth“

Сузан Грег Когер и Ерик Когер биле средношколски парт кој основал голема интернет-страница за продавање алишта. Сузан барала начин за да ги продаде своите стари алишта и така се родила идејата.

„Reddit“

Ова била една од првите стартап-компании отворени од сега престижната програма „Y combinator“. Стив Хафмен и Алексис Оениан биле одбиени пред да успеат со компанијата. Оригиналната идеја на двајцата основачи била одбиена од програмата, а им било предложено да работат на она што сега е „Reddit“. Тие биле студенти во тоа време.

„Kinko's“

Со заем од 5.000 долари, Пол Орфалеа ја отворил својата прва фотокопирница во 1970 година на неговиот кампус. Идејата се родила кога видел ред луѓе кои чекале да го искористат фотокопирот на универзитетот додека работеле на групен извештај.

„The Onion“

Крис Џонсон и Тим Кек била на почетокот на студиите на Универзитетот во Висконсин кога го создале бесплатниот весник кој го печателе во својот студентски дом. Весникот набргу станал популарен на повеќе кампуси, а сега е светски познат и читан во онлајн-формат.

„Def Jam Records“

Во 1983, Рик Рубин ја претворил својата соба во музичко студио. Тој позајмил пари од родителите и снимил песна која станала хит на радио. Наскоро започнал да работи со познати музичари и менаџери, а сега тоа е една од највлијателните компании во индустријата.

„Snapchat“

Апликацијата била создадена од свајда студенти, Иван Спигел и Боби Марфи за време на нивните луди студентски денови. Но, иако создадена за несериозни моменти, апликацијата ги надмина очекувањата во популарноста и денес е една од најкористените од страна на сите генерации.

„Invite Media“

Се работи за компанија која дизајнира платформи за купување дигитални реклами. Компанијата беше купена од страна на „Google“ за 81 милиони долари во 2010. Нет Турнер, основачот, го започнал бизнисот додека бил на додипломски студии на Универзитетот во Пенсилванија.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование