Островот Ила де Кемеда Гранде во Бразил се нарекува и најсмртоносното место на Земјата. Со оглед на тоа што на него живеат илјадници змии, не е тешко да се разбере од каде е таа репутација.
Со комбинацијата на сонце и море, островот би можел да биде туристичка дестинација доколку на него не живееја илјадници змии отровници. На луѓето им е забрането да стапнат на островот.
Името на островот се преведува како „Остров на голем шумски пожар“, а има површина од 43 хектари. Се проценува дека на него живеат од 2.000 до 4.000 змии. Змиите останале заробени на островот кога нивото на морето се зголемило и го изолирало од останатиот дел од копното. Змиите се хранат со птици кои слетуваат на островот.
Некои луѓе живееле на островот од 1909 до 1920 година. Станува збор за луѓе кои управувале со светилник кој ги предупредувал бродовите да се задржат подалеку. Во 1920 година светилникот бил автоматизиран, иако според шпекулациите, семејството на последниот вработен било убиено од змии.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Twitter