X
 18.03.2022 Живот

Прогласени најсреќните земји за 2022 година

Целиот свет сведочи за лоши настани последниве неколку години, но има и некои добри вести. Еден од заклучоците на Светскиот извештај за среќа, кој се објавува од страна на Мрежата за одржливи решенија за развој на Обединетите нации, е дека добронамерноста расте во светот.

Извештајот бил направен со анкета спроведена на жители од околу 150 држави со цел да се открие каде живеат најсреќните луѓе и факторите што влијаат врз среќата. Се открива дека петта година по ред Финска ги има најсреќните жители во светот.

Следни на листата се Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд. Канада се наоѓа на 15. место, САД на 16. место, а Обединетото Кралство на 17. место.


Фото: Хелсинки/Pixabay

Во извештајот се открива дека расте бројот на донации за хуманитарни цели и на луѓето што нудат помош и волонтираат. Истовремено, се намалиле грижите и стресот, иако тие остануваат повисоки од времето пред пандемијата. За младите, задоволството од животот се намалил, додека за оние над 60 години се зголемил, според извештајот.

Анкетата била спроведена пред инвазијата во Украина. Во извештајот Украина се наоѓа на 98. место, а Русија на 80.

Македонија се наоѓа на 89. место од вкупно 146 држави. Последна на листата е Авганистан.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот