Центарот за иднината на демократијата на Универзитетот во Кембриџ го анализира мислењето на јавноста за демократијата од 1995 година. Неговиот последен извештај опфаќа 154 земји и открива дека нивото на незадоволство од демократијата е највисоко досега.
- Откривме дека незадоволството од демократијата се зголемило со текот на времето и достигнува рекордно високо ниво, особено во развиените земји - пишува Роберто Фоа, автор на
извештајот.
Во средината на 90-тите години жителите на Европа, Африка, Блискиот Исток, Азија и Австралија биле релативно задоволни од нивните демократски земји. Оттогаш процентот на жители што не се задоволни од демократијата во нивната земја пораснал од 47,9% на 57,5%.
Фото: Pixabay
Жителите на дел од најголемите демократски држави, како САД и Бразил, изразуваат најголемо ниво на незадоволство. Мексико, Австралија и Велика Британија го забележуваат највисокото ниво на незадоволство досега. Јапонија, Грција и Шпанија се приближуваат до своите рекорди.
Сепак, жителите на некои земји, како Данска, Швајцарија и Норвешка, покажуваат доверба во нивните демократски институции. Ова се земјите што опфаќаат само 2% од светското население, а во кои помалку од една четвртина од жителите не се задоволни од демократијата во земјата.
Фото: Pixabay
Извештајот покажува пораст во нивото на незадоволство, но не ја наведува причината. Меѓутоа, податоци од последните 25 години покажуваат врска меѓу нивото на незадоволство и големите настани, како економски шокови и политички скандали. Настаните што доведоа до рекордите во незадоволството од демократијата ги вклучуваат и почетокот на мигрантската криза во Европа, Брегзит и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и на Жаир Болсонару за претседател на Бразил.
Автор: Дерен Такери
Извор:
Weforum.org