Катја Пинковски од Ванкувер пред неколку дена отишла на концерт со една пријателка, но откако излегла во подземната јавна гаража, сфатила дека го нема нејзиниот Тесла автомобил.
Таа му се јавила на сопругот и му кажала дека автомобилот исчезнал, а нејзиниот сопруг со помош на апликацијата која следи каде се наоѓа Тесла, на полицијата и` дал информации каде се наоѓа крадецот со нивниот автомобил.
„Дури и размислувавме малку да се забавуваме со крадците, да му ги отвориме прозорците, но сепак одлучивме полицијата да му каже дека цело време знаат каде се наоѓа“, велат Кари и Катја.
„Целата постапка на барање на крадците беше ужасно забавна“, вели брачниот пар додавајќи дека воопшто не се плашат за тоа дека нивниот автомобил е украден, бидејќи знаеле дека благодарение на апликацијата ќе го добијат истата вечер.
Причината поради која крадецот воопшто успеал да го украде автомобилот било тоа што сопствениците случајно го оставиле далечинскиот управувач во автомобилот. Но, крадецот не бил свесен дека автомобилот е поврзан со паметен телефон.
Секако, Тесла не е единствениот кој има ваква апликација - новиот модел на луксузниот автомобил Мерцедес на своите купувачи им нуди слична услуга за следење на возилото.