X
 18.04.2019 Економија

Град во Калифорнија почна експеримент со основен приход

Градот Стоктон во американската сојузна држава Калифорнија неодамна почна експериментална програма за основен приход. Концептот е едноставен: 130 жители ќе добиваат месечни примања, без обврски, во период од 18 месеци. Првата исплата била во февруари.

Кога ќе заврши експериментот, градските власти ќе истражуваат како луѓето ги потрошиле парите и како им се промениле животите - што ќе резултира со студија која може да овозможи клучен увид во економијата на основниот приход.

Учесниците не се баш извлечени од сиромаштија. Градот на секој учесник секој месец му плаќа по 500 долари. Градоначалникот Мајкл Табс истакнува дека потегот може да обезбеди сигурност за луѓето што се борат да врзат крај со крај или работат по неколку работи.

- Знам како е да бидеш гладен или да гледаш како мајка ти се мачи. Сите во моето соседство секогаш беа надвор и си играа бидејќи нивните родители работеа. Тие не беа дома чекајќи владата да ги спаси - изјави Табс.

Податоците од пилот-програмата нема да бидат достапни неколку години и организаторите работат тајно. Но, во следните неколку месеци се очекува некои учесници да споделат приказни за тоа како ги користат парите и што им значат тие. Истражувањето на програмата за основен приход ќе биде побогато со податоци, но овие учесници наречени „раскажувачи“ може да им дадат идеја на луѓето за тоа како основниот приход функционира во меѓувреме.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија