X
 01.05.2018 Живот

Како третите Олимписки игри се претвориле во ужасен нечовечки експеримент?

На маргините на несреќните Трети игри, во Сент Луис во 1904 година, бил направен ужасен експеримент.

Спринтери ги зазеле стартните позиции за почетокот на најелитната олимписка дисциплина, трката на сто метри. Кога пиштолот пукнал, било јасно дека не станува збор за обична трка. Прашањето било дали воопшто станува збор за трка. Еден од натпреварувачите толку се исплашил од пукањето што се замрзнал на место, а неколкумина, очигледно несвесни за фактот дека поентата на овој спорт е прв да се помине низ целта, лесно трчале по патеката.

Станува збор за еден од настаните што откриваат уште една мрачна страна на модрените олимписки игри. На останатите атлетски патеки сликата била еднакво комична. Копјето, дискот, скоковите, биле најлоши резултати во историјата на Олимпијадата.

Станува збор за „дивјаците“, како што ги нарекле американските организатори, донесени од племиња од Африка, Јужна Америка, Блискиот Исток, Филипините и северниот дел на Јапонија. И сите тие биле дел од ужасниот експеримент со цел да се докаже дека нивните вродени атлетски способности се инфериорни во однос на „цивилизираните бели Американци“. Креаторот на овој олимписки експеримент бил директорот на Олимписките игри, Џејмс Едвард Саливен.

Овие игри важат за најлошо организираните во овие стотина години на модерните Олимписки игри. Траеле преку четири месеци и вклучувале бројни спортски и саемски случувања без никаков ред и концепција, и денес официјалната олимписка статистика смета само неколку спортови што биле одржани во неколку дена. Не влегува во официјалната статистика ниту атлетичарскиот митинг организиран од Саливен, со цел научниците, настапот на црнците да го споредат со настапот на добро истренираните спортисти и да се донесе расистички заклучок дека белите луѓе се природно повеќе талентирани за спорт.

Митингот бил одржав во два дена, а таканаречените „дивјаци“ првото утро добиле упатства како се изведуваат одредени дисциплини. Меѓутоа, бидејќи не разбирале англиски, тие немале претстава за што всушност биле одведени во Америка.

Извештајот од експериментот навел на разочарувачки резултати, особено во дисциплини во кои луѓето од племињата би можеле да доминираат: фрлање копје и стрелаштво. Иако „антрополошкото“ објаснување вели дека би имале подобри резултати ако имале посебен тренинг, Саливен тоа не го зел во предив.

„Митингот покажа дека дивјаците се преценети од атлетски агол на гледиштето“, изјавил Саливен.

Саливен овој атлетски митинг го нарекол „Денови на антропологијата“ и повикал водечки светски научници да гледаат како се обидуваат да се спротивстават на силните американски херои. На крајот, ги повикал научниците во своите трудови да ги земат во предвид антрополошките докази до кои дошол. И многу научници го направиле тоа. Долго време, во одредени научни кругови се застапувала тезата дека белците се навистина супериорни спортисти од црнците и другите раси.

Дури ни доминацијата на Џеси Овенс во Берлин во 1936 година не била доволна за одредени научници да ги побијат овие заклучоци. Иако црниот атлетичар на таканаречената Олимпијада на Хитлер освоил четири златни медали, дури и седум години подоцна, Шведската спортска енциклопедија заклучила дека е невозможно од африканските црнци да се направи спортска ѕвезда. Секако, ова било поткрепено со експериментот во Сент Луис.

Пјер де Кубертен не отишол на Олимпијадата во Сент Луис. Првенствено поради долгиот пат, како и повеќето сериозни европски спортисти. Всушност, на игрите учествувале помалку од 50 атлетичари кои не биле од Северна Америка. Кога баронот де Кубертен слушнал за плановите на Саливен да го руши неговиот принцип „важно е да се учествува“ и му порачал на Саливен дека нема да му биде мило кога црнците, Индијанците и жолтиот народ ќе научи да трча, скока и фрла и ќе ги остави белците зад себе.

Иронијата е во тоа што пред сто години се тврдело дека белците се супериорна раса, а ние денес се обидуваме да разбереме зошто воглавно црните спортисти ги освојуваат медалите. На претходните четири Олимпијади, на финалето на сто метри, секој од 32-та финалисти имале потекло од Западна Африка, а оваа популација сочинува само 8 отсто од светското население.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот