X
 21.12.2021 Живот

Сеул спречува самоубиства со технологија со вештачка интелигенција

Мостовите на реката Хан во градот се познати како места за самоубиства. Секоја година околу 500 луѓе се обидуваат да си го одземат животот на овој начин.

Новиот систем на Сеул со вештачка интелигенција вклучува повеќе видеокамери кои се програмирани да препознаат однесување кое се смета за типично за лицата што размислуваат за самоубиство. Камерите се фокусираат на луѓе кои предолго седат на мостот, а кога ќе се детектира ваква личност, системот испраќа сигнали до тимови за спасување кои седат во близина на мостовите.


Фото: Pixabay

Сеулската служба за пожари и несреќи во соработка со Технолошкиот институт во Сеул ја развива технологијата една и пол година. Претставник од службата изјавил дека е важно да се спречат луѓето што планираат самоубиство додека се на мостовите бидејќи шансите за преживување откако се фрлат во водата се под 50 отсто.

Во Сеул се воведувале мерки за спречување самоубиства и порано. Еден мост има сензор за притисок кој препознава кога лице ја притиска оградата подолго од обично, додека на друг мост има сензори кои препознаваат кога тело ќе падне под нив и автоматски ги известуваат спасувачките тимови.


Фото: Pixabay

Јужна Кореја има највисока стапка на самоубиства по глава на жител помеѓу развиените нации. Во 2020 година во земјата животот си го одзеле просечно 25,7 лица на 100.000 жители. Самоубиството е главната причина за смрт кај младите лица во земјата од 2007 година.

Извор: Insider
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот