X
 29.09.2022 Живот

Членовите на француската Влада ќе носат бунди, џемпери и ролки во обид да заштедат струја

Додека Франција разговара за одржување на температурата во домаќинствата на максимум 19 степени за да се заштеди енергија, премиерката Елизабет Борн и нејзиниот кабинет покренаа иницијатива за носење бунди и дебели џемпери за да им бидат пример на граѓаните.

Според француските медиуми, членовите на Владата ќе се појават пред јавноста во топла зимска облека со цел да ја прошират свеста за заштеда на енергијата.

Премиерката Борн веќе го направи првиот чекор облекувајќи бунда, а министерот за економија Бруно Ле Мер облече дебела ролка.

- Повеќе нема да ме видите со вратоврска, туку со ролка. И мислам дека ќе биде добро затоа што ќе ни овозможи да заштедиме енергија - изјави министерот. Тој подоцна сподели фотографија од себеси на својот твитер-профил како носи црна ролка.

Во Франција, поради недостиг на електрична енергија, се разговара температурата во домаќинствата да се одржува на максимум 19 степени и да се воведат санкции за сите што нема да ги почитуваат правилата.

Политичарката на екстремната десница, Марин Ле Пен, упати критики до Владата и рече дека таа се обидува да се справи со иницијатива наместо да најде решение за проблемот со недостигот на енергија.

Извор: aa.com.tr
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот