X
 18.05.2022 Живот

СЗО стравува од избивање колера во Украина, се подготвуваат вакцини

Светската здравствена организација се подготвува за потенцијално избивање колера во Мариупол, каде што се оштетени голем број инфраструктурни објекти. Тоа синоќа го изјави менаџерката на СЗО за инциденти во Украина, Дорит Никан.

- Многу цевки се оштетени, а добиваме информации од терен дека се измешани канализацијата и водата за пиење - појасни Никан.

Како што истакна таа, СЗО ова го оценува како огромна закана од појава на многу инфекции, вклучително и колера.

Беше нагласено дека се подготвуваат вакцини за колера, постои соработка со невладини организации и партнери кои можат да дојдат во Мариупол да им дадат поддршка на луѓето.

- СЗО за Европа потврди 226 напади на здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија, што сочинува две третини од сите напади на здравствената заштита во светот годинава - соопшти директорот Ханс Клуге.

Тој информира за најмалку 75 жртви во нападите, а 59 лица се здобиле со повреди.

- Овие напади не се оправдани, тие никогаш не се во ред и мора да се истражат - додаде Клуге.

Здравствената агенција на ОН ќе ги сподели деталите за нападите со украинските власти и со други независни истражители.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот