Поради пандемијата, Владата ги советувала жителите да носат маски за да се заштитат од болеста. Според локалните медиуми, во мај биле укинати правилата за носење маски, па затоа многу луѓе имаат проблем да се навикнат на животот без маски.
Според локалниот весник „Асахи Шимбун“, некои луѓе заборавиле како да се насмевнат и сметаат дека треба да го вежбаат тоа. Центарот „Акабане“ станал популарен бидејќи нуди индивидуални часови за насмевнување.
- Бидејќи носењето маска стана норма, луѓето имаа помалку можности за насмевка и сè повеќе луѓе развиваат комплекс поради тоа - изјавила Кеико Кавано, обучувач во компанијата „Егаоку“, која нуди обуки за насмевки.
Како се одржуваат часовите? Едноставно, на учесниците им се дава мало огледало за да го следат напредокот додека вежбаат како да се насмевнуваат.
Извор:
Sky news
Насловна фотографија: Pixabay