X
 16.03.2020 Живот

Како е да се живее во еконаселба што не произведува штетни гасови?

Хекбриџ е модерен дел од едно предградие на Лондон. Тоа не е најубавиот дел од градот, но дефинитивно е најчистиот. Причината за тоа е населбата „БедЗЕД“, која воопшто не испушта штетни гасови во атмосферата.

На домовите има системи за природна вентилација и соларни панели, а стаклените ѕидови овозможуваат влез на природна светлина. Во оваа еконаселба живеат приближно 250 луѓе. Половина од домовите се во приватна сопственост, една четвртина се резервирани за социјалните случаи, а преостанатите се заеднички. Во населбата има станови со една соба, но и куќи со четири спални соби.


Фото: Bioregional

Некои од жителите се преселиле таму поради големата свест за околината, но некои случајно се преселиле преку социјално домување и оттогаш морале да се адаптираат на овој начин на живот. Ниту еден дом нема централно греење. Некои домови имаат системи кои ја користат сончевата светлина за да произведат топлинска енергија, а некои се греат со системи што работат на ветер.


Фото: Bioregional

Во населбата има шест локации за рециклирање, а во домовите се користат системи за штедење на водата. Згора на тоа, има градини на покривите на зградите, а во близина има и еколошко училиште. Во местото речиси не се дозволуваат автомобили.


Фото: Bioregional

Во населбата се води грижа и за добрата состојба на жителите, па така се организираат часови и работилници кои им нудат секаква поддршка на граѓаните. Додека Британците во просек познаваат по 8 соседи, во оваа населба жителите знаат околу 20 соседи.

Извор: euronews.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот