X
 17.11.2016 Живот

Секој викенд овој човек спасува луѓе кои сакаат да извршат самоубиство

Како што светот е полн со луѓе кои се злонамерни, груби и злобни, исто така е полн и со добри луѓе со златно срце. Еден човек по име Чен Си е еден од добрите граѓани на овој свет.

Почнувајќи од 2003 година, Чен Си го поминува секој викенд патролирајќи по мостот на реката Yangtze во Нанјинг, Кина. Зошто? Поради тоа што овој мост е популарно место за луѓето со намера да си го одземат животот со скокање од него.

Или пешки или на неговиот мотоцикл, Чен патролира по мостот во потрага по луѓе кои изгледаат депресивни, оние кои се под силен психолошки притисок, кои изгледаат како да одат во животот „без дух“ или „без насока“.


Чен Си


Откако ќе ги пронајде овие луѓе, тој се обидува да ги одврати од нивните одлуки. Дури и ако тие веќе се на другата страна од оградата, Чен ги повлекува назад, за да може да разговара. Тоа е време кога од разговорите со овие луѓе, Чен се надева дека ќе ги сознае нивните проблеми, така што тој може да им помогне да најдат одговор и решение.

Еден човек на кој Чен му помогнал, бил решен да стави крај на својот живот затоа што не можел да си дозволи да плати за медицинските трошоци во вредност од 15.000 долари за неговата ќерка која се бори со леукемија. Чен му се јавува на овој човек и му помага со кредиторите секоја недела.

Досега Чен спасил животи на повеќе од 300 луѓе и не планира да запре со неговата мисија во скоро време.

Режисерите Франк Ферендо и Џордан Хоровитс снимија документарен филм за Чен со наслов „Ангелот од Нанјинг“. Погледнете краток извадок од документарецот:


Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот