Високиот суд на Бангладеш во понеделникот донесе одлука за забрана на откривање на полот на бебето во матката, а целта е спречување фемицид. Судскиот совет, кој го сочинуваат судијките Наима Хаидер и Кази Зинат Хок, ја објави комплетната пресуда во предметот покренат во 2020 година.
Адвокатот Ишрат Хасан, еден од подносителите на тужбата, изјави дека станува збор за „историска“ одлука.
-Откривањето на полот на нероденото бебе претставува професионален прекршок - рече тој.
Во пресудата се наведува практиката во Индија каде што откривањето на полот на нероденото дете е незаконско.
Сајед Абдул Хамид, професор по здравствена економија на Универзитетот во Дака, изјави за „Анадолу“ дека станува збор за значајна пресуда која би можела да помогне да се запира убивањето женски фетуси.
-Таквата практика (абортус на фетусот) често се пријавува и во Бангладеш и во Индија, особено кога во семејството веќе постојат две или повеќе девојчиња - рече тој.
Преферирањето машки деца во однос на женски и понатаму е широко распространето во Јужна Азија, особено во руралните подрачја. Судот нареди во рок од шест месеци да се воспостави централна дигитална база на податоци за следење на дијагностичките извештаи поврзани со неродените деца што се спроведуваат во болниците.
Извор:
Фото: