Големата компанија за интернет трговија, „Амазон“, најави доделување на книжевна награда вредна 20 илјади фунти за автори кои своите дела ќе ги објавуваат на самоиздавачката платформа на „Киндл“.
Според британскиот „Гардијан“, наградата наречена „Kindle Storyteller“ е отворена за сите автори кои објавуваат на англиски јазик, а ги опфаќа сите книжевни жанрови, белетристика и публицистика, лансирани на самоиздавачката платформа на „Амазон“ – „Kindle Direct Publishing“ (KDP) во периодот од 20 февруари до 19 мај годинава.
Идејата е, како што истакнува директорот на содржината на „Амазон ЕУ Киндл“, Алесио Сантарели, да се награди добрата книжевност и да се направи што подостапна .
За наградата можат да конкурираат досега необјавени наслови со должина од најмалку 5.000 зборови.
Во потесен избор ќе влезат најдобрите книги според мислењето на судискиот панел, но и оние кои ќе привлечат најголем интерес кај читателите, а добитникот на инаугурациската награда ќе биде прогласен на посебна свеченост што ќе се одржи во јули во Лондон.
Наградата, освен паричниот дел, подразбира и маркетиншка кампања и можност за превод на други јазици.
Речиси четвртина од стотина најчитани наслови на британската „
Киндл“ трговија, доаѓаат од платформата KDP.