X
 15.08.2019 Живот

Берлин воведува делумни забрани за дизел-возила од октомври

Германскиот главен град Берлин од октомври воведува забрана за движење на постари дизел-автомобили по улици на кои се регистрира големо загадување.

Осумте улици се во централниот реон „Мите“ и во југоисточниот „Нојкелн“. По тие улици ќе може да се движат само автомобили на дизел-погон со Евро 6, стандард воведен во 2015 година.

Движењето за постари модели со сертификати до Евро 5 ќе биде забрането. Исклучок ќе биде направен само за локални жители, возила за доставување, за итна помош и за технички екипи.

Голем број германски градови забранија движење на дизел-моделите во одредени делови откако еко-активистите поднесоа тужби против градските власти за неисполнување стандарди за квалитет на воздухот во ЕУ. Тука спаѓаат Хамбург, Франкфурт, Келн, Бон, Есен и Штутгарт. Во другите градови судовите ја испитуваат можноста за изрекување такви забрани.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот