За некои од овие работи веројатно никогаш не сте слушнале, а многу се интересни. Меѓу другото, изложени сте на вселенска радијација, а шансите да се разболите се стопати поголеми. Во текот на летот со авион во телото доаѓа до промени.
Слухот, мирисот и вкусот не се како обично
Поради промената на влагата во воздухот и притисокот, слухот, мирисот и вкусот не работат како што треба.
Има помалку кислород
Кабината е под 75% притисок во однос на нормалниот атмосферски воздух. Тоа може да доведе со состојба во која поради недостаток на кислород во клетките и ткивото доаѓа до вртоглавици, умор и главоболки.
Концентрацијата на бактерии е голема
Според некои истражувања, шансата за добивање настинка е стопати поголема додека летате, а за тоа е виновен воздухот кој го дишите - 50% од воздухот само циркулира во кабината.
Изложеност на вселенска радијација
Во текот на 7-часовен лет (на пример од Лондон до Њујорк) патниците се изложени на еднакво количество радијација како да се работи за рендгенско зрачење.
Дехидратација
Во текот на еден лет кој трае три часа телото троши до 1,5 литри вода. Количеството на влага во авионот изнесува 4%, што предизвикува дехидратација.
Водата во авионот е нездрава
Таа не е отровна, но во неа може да се најдат многу бактерии кои не би смеело да ги има во водата за пиење.
Крвта се спушта во нозете
Недостатокот на движење во текот на долгите летови негативно влијае на циркулацијата, а со тоа е поголем ризикот од проблеми со крвните садови.
Доколку сакате да ги намалите негативните влијание во текот на летањето, придржувајте се на овие правила:
Одбегнувајте алкохол бидејќи тој дополнително му оневозможува на телото на апсорбира кислород.
Внимавајте да не дехидрирате - пијте доволно вода.
Движете се кога можете.
Пијте вода од шише доколку можете.
Редовно мијте ги рацете.