X
 19.12.2023 Живот

Осло е еден од најдобрите градови за живеење во светот

Редовно рангиран како еден од најдобрите градови за живеење во светот, Осло може да се пофали со богата културна сцена и многубројни забавни објекти, а познат е и по своите театри, музеи и галерии.

Осло, главниот град на Норвешка, има над 630.000 жители, а се наоѓа на брегот на истоимениот фјорд - Осло.

 
Градот на прекрасната архитектура, според археолозите, е стар најмалку 1.000 години. Основан е од викинзите, а подоцна бил избран за постојана резиденција на кралот. Осло бил опожарен неколку пати, а во 17 век било одлучено дека мора повторно да се изгради од другата страна на заливот.

 
Патем, тој е еден од најголемите светски главни градови во однос на површината. Сепак, интересно е што само 20 отсто од таа површина е населена и урбана развиена. Остатокот се состои од паркови, заштитени шуми, ридови и стотици езера.

 
Парковите и отворените простори се составен дел од градскиот пејзаж на Осло и се лесно достапни. Задоволство е да се истражува центарот пеш благодарение на многубројните патеки кои ги поврзуваат неговите јавни простори.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот