X
 21.11.2020 Култура

Една од најубавите книжарници во светот е изградена во Кина

Сите книжарници се убави, но штотуку отворената во Југозападна Кина ги крева стандардите на повисоко ниво. Книжарницата се наоѓа во градот Дуџијангјан во провинцијата Сечуан и била дизајнирана од Ли Шијан и нејзината архитектонска фирма „Екс+Ливинг“.

Како што вели Ли на „Инстаграм“, инспирацијата за изгледот на книжарницата доаѓа од древниот систем за наводнување на градот со кој се користеле реките што течеле низ и околу градот. А ова влијание јасно се гледа во високите сводови и скали што потсетуваат на проточна вода. Истовремено, огледалото на таванот прави собата да изгледа бесконечна.



Посетителите не мора да се грижат дека нема да може да достигнат некои книги што се наредени на највисоките полици бидејќи тие всушност се само тапети што изгледаат како полици за книги. Во книжарницата има и детска просторија за читање.

Ова не е првата книжарница што ја дизајнирала фирмата на Ли, претходно дизајнирала книжарници во Пекинг, Нингбо, Гујанг и Чонгкинг.

Автор: Елен Гутоски
Извор: mentalfloss.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура