Секое утро група наставници од Авганистан си ги ризикуваат животите за да стигнат на работа.
Тие ја преминуваат реката со помош на импровизирани чамци, на истокот од земјата, во провинцијата Нангархар. Во близина нема мостови, а немаат ни гумени чамци за да си го олеснат патувањето.
Наставниците со години го користат овој вид транспорт борејќи се против високиот водостој по дождовите.
Но, тоа не е единствениот проблем со кој се соочуваат. Авганистан минува низ економска криза која започна кога талибанците ја презедоа власта во земјата во 2021 година.
Извор:
ВВС
Фото: Screenshot/BBC