X
 18.06.2023 Живот

Пилот објаснува зошто не треба да се плашите од турбуленции

Летањето со авион е непријатно за многу луѓе. Некои успеваат да го надминат стравот, додека други никогаш не сакаат да летаат со авион. За овој страв придонесуваат и честите турбуленции при летањето, кои се чинат опасни, но всушност се сосема безопасни, барем според еден пилот.

Со цел да го намали стравот од летање кај луѓето, корисничката на „Тик-ток“ Ана Пол одлучила да објасни зошто се јавуваат турбуленции со помош на желе и хартиено марамче, користејќи објаснување кое го добила од професионален пилот. Во видеото таа вметнува парче хартиено марамче во желето и ги покажала сите овие теории на него. Парчето го претставува авионот, а желето е воздухот, односно слојот во кој се наоѓа авионот за време на летот.


Авионот не може да се урне поради турбуленции

Атмосферскиот притисок е насекаде во слојот каде што минува авионот, така што авионот не може да го избегне тој притисок, а желето во овој случај е слично на атмосферскиот притисок. Кога станува збор за турбуленциите, што ги покажува желето кое се движи, се забележува дека таквите тресења се нормални, а не значат дека авионот ќе почне да паѓа кон земјата.

Авионот се „заглавува“ во ова желе поради притисокот од сите страни. Дополнително, пилотот посочува дека ниту еден авион досега не се урнал поради турбуленции.

Ги советува сите што се плашат кога има турбуленции да се сетат на нејзината демонстрација и да си замислат како да се во тоа желе бидејќи не постои опасност авионот да падне.

@anna..paull

Fear of flying tip ✈️❤️

♬ original sound - Anna Paul


Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот