X
 26.07.2017 Живот

Збогум на пасошите!

Сметате дека приложувањето на картата за полетување на паметниот телефон е олеснување? Американската авиокомпанија „Делта“ смисли нешто подобро – нејзините клиенти ќе влегуваат во авионот со помош на отпечаток од прст.

отпечаток
Фото: Reuters/Fabrizio Bensch

Компанијата ја воведе биометриската проверка во мај, дозволувајќи одредени членови на Delta SkyMiles клубот да користат отпечаток од прстот како доказ за идентитетот. Сега ова станува дел од процесот на влегување во авионот, изјавуваат од компанијата.

Оваа опција е моментално достапна само за членовите на овој клуб, кои се вклучени во CLEAR, платформа за биометриски идентитет, која овозможува минување низ редовите за пет минути или помалку. „Делта“ ова лето планира да ја лансира последната фаза од својот биометриски тест, дозволувајќи им на членовите со помош на отпечаток од прст да го чекираат својот багаж.

Учествувањето во тестирањето е доброволно, а од компанијата велат дека доколку сѐ оди според планот, може да се очекуваат проширени можности за сите останати патници и аеродроми. Велат дека се во прашање месеци.

„Реакциите на оваа иновација се задоволувачки“, вели Гил Вест, потпретседател на „Делта“.

Биометриската проверка е попрецизна и посигурна од хартиени документи за идентификација, а го скратува и времето на чекање во редот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот