На 98 години, Рчард Ремп, ветеран од Втората светска војна, конечно доби диплома за средно образование што не успеал да ја добие затоа што ѝ служел на земјата. Рачно испорачана до неговиот кревет, оваа диплома означува искрена почит за неговата храброст и услуга кон земјата.
Ричард имал само 17 години кога го напуштил средното училиште за да се пријави во војска за време на Втората светска војна. По војната тој останал со маринците и продолжил да ѝ служи на земјата за време на Корејската војна, а потоа и за време на Виетнамската војна како одликуван стрелец-наредник. И покрај неговата истакната воена кариера, Ремп, како и многу мажи и жени кои служеле за време на Втората светска војна, никогаш не добил диплома за средно образование.
Но, средното училиште Шерон во Пенсилванија одлучило да му издаде диплома кој во мај наполни 98 години. Овој подвиг беше овозможен од семејството на Ремп и началничката Јусти Гларос. Откако таа го убедила нејзиниот училиштен одбор да ја одобри дипломата, возела 4,5 часа до домот на Ремп и рачно му ја доставила дипломата на ветеранот.
Ремп, кој моментално е во кревет поради рак во четврта фаза, бил опкружен со семејството кога Гларос му ја врачила дипломата. Иако ветеранот не одел во средно, важноста на гестот е бесценета. Откако помина со години служејќи ја својата земја, неговата заедница најде начин да му се заблагодари.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Twitter