Бесплатниот пет дневен курс за основи во онлајн-предавање беше понуден од универзитетот „Стенфорд“ порано месецов. Дури 7.000 наставници и професори се пријавиле за да го следат курсот.
Фото: Freepik
Курсот е наменет за наставници во последните години од основното
образование и професори во средно образование. Онлајн-курсот вклучува генерален водич за адаптирање на предавањата за онлајн-формат, како и добри пракси за различни ситуации, чести проблеми и совети за надминување на проблемите.
Фото: Freepik
Видеата од онлајн-курсот сега се достапни на интернет и за оние кои не учествувале во предавањата.
ТУКА пронајдете ги сите видеа од курсот.
Извор:
openculture.com