Ново истражување открило дека раното започнување на училишните часови може да има неповолни последици врз
средношколците, како почесто доцнење и отсуство.
Мелинда Морил, професорка по економија на државниот универзитет во Северна Каролина, САД, работела на истражување во кое анализирала средни училишта во кои училишните часови почнувале во периодот од 7:25 до 8:05 наутро. Биле анализирани податоци од седум групи средношколци на различна возраст во период од 2013 до 2019 година.
Фото: Pixabay
- Има сè повеќе истражувања што посочуваат дека раното започнување на часовите може да биде лошо за резултатите од тестовите. Го разгледувавме тоа, но бројките не беа статистички значајни - вели Морил.
Сепак, раното започнување на часовите имало мал ефект врз напредокот на средношколците и резултирало во зголемен случај на доцнења и отсуства, според анализата на Морил. Била направена споредба на отсуствата и доцнењата на учениците во периоди кога училишниот ден почнувал во 8:05 часот и подоцна, кога била направена промена и училишниот ден почнувал во 7:25 часот.
Фото: Pixabay
Поместувањето на училишниот ден да почнува порано довело до просечно едно дополнително отсуство годишно и околу три дополнителни доцнења годишно за учениците.
Извор:
eurekalert.org