X
 25.06.2020 Образование

Повеќе полуматуранти запишани во средните стручни отколку во гимназиите

Вкупно 12.622 ученици се запишаа во државните средни училишта по првото пријавување. Од нив 9.517 за настава на македонски јазик, 2.936 – на албански, 164 – на турски, двајца за настава на српски јазик и тројца повторувачи. Денеска завршува второто пријавување во училиштата каде што останаа слободни места, а според бројот на завршени полуматуранти во земјава, би имало уште 6.675 кандидати.

Според видот на образованието, повеќе ученици се запишаа во средното стручно – 7.353, а во гимназиско – 4.741.

Во гимназиите – 3.609 ученици на македонски наставен јазик, 1.037 на албански, 93 на турски и двајца на српски. А во стручните – 5.424 на македонски, 1.855 – на албански, 71 ученик на турски и тројца повторувачи.

Во уметничко образование се запишаа 204 ученика, 226 во Спортска академија, 136 во Спортска гимназија.

Во Македонија во учебната 2020/2021 година во деветто одделение завршија вкупно 19.297 ученици. За целосен опфат на сите ученици со Конкурсот се обезбедени доволен број слободни места и тоа повеќе од што треба: 25.932 на македонски наставен јазик, 8.865 на албански наставен јазик, 1.088 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик, односно вкупно 35.919 ученички места во сите јавни средни училишта.

Квалификационо тестирање се организира во средното медицинско во Скопје, за профилот медицинска сестра на албански јазик, во „Димитар Влахов“ – Струмица за медицинска сестра на македонски јазик и во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, за истиот профил.
Во скопските гимназии „Јосип Броз Тито“ – Скопје, „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Никола Карев“, „Георги Димитров“ и во „Орце Николов“ конкурсот е целосно завршен.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование