X
 08.07.2021 Образование

МОН: Со парите од субвенционираниот студентски оброк ќе може да се купува храна кај кој било трговец

Со износот од 2.400 денари што Министерството за образование и наука од октомври ќе им го уплаќа на студентите за субвенциониран оброк ќе може да се плаќа кај кој било трговец. Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските услови.

Оваа новина е предвидена поради пандемијата и евентуалните рестриктивни мерки наесен. Сега мерките се релаксирани и угостителските објекти работат, но не знаеме што ќе се случува во наредните месеци кога можеби ќе имаме нови рестриктивни мерки, а токму тогаш студентите ќе ги добиваат средствата. Затоа со законските измени овозможуваме ова право да се оствари независно од пандемијата и оброците да се обезбедуваат и од продавници, пишува во соопштението од МОН.

Првично усвоеното законско решение предвидуваше средствата да се користат исклучиво во угостителски објекти. Но, со предлог-закон е направена измена - средствата да се користат и во продавници, а препораката е да бидат наменети за набавка на храна.
Според пресметките, финансиска поддршка се предвидува за околу 40.000 студенти кои ќе го користат ова право, за што, на годишно ниво се обезбедени околу 15 милиони евра.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование