X
 18.07.2019 Наука

Каде плови најголемата карпа мраз во светот?

Поминаа две години откако огромна карпа мраз, позната како „А68“, се отцепи од Антарктикот.

Сателитите упатуваат на тоа дека најголемата карпа мраз во светот се насочила кон водите на Веделовото Море во Јужниот Океан и моментално се движи кон север по должината на антарктичкиот полуостров.

Некое време се чинело дека оваа маса од мраз долга 160 километри била заглавена во делот на плиткото морско дно и дека постои опасност „А68“ да стане најголемиот леден остров во светот. Но, подоцна продолжила да се движи.

- За објект тежок билион тони, „А68“ се чини прилично подвижна - вели професор Адријан Лакман од Универзитетот Сванзи во Велс.

мраз
Фото: ЕРА

- По една година откако се задржа близу гребенот од кој се отцепи, во средината на јули „А68“ падна во вител во Веделовото Море, океанска струја што се движи во насока на стрелките на часовникот, а потоа го заврти за 270 степени и го однесе 250 километри кон север - вели Лакман.

- Овој леден брег е долг 160 километри, но е широк 200 метри, па изненадува фактот што претрпел малку штета на денешниот пат - додава тој.

„А68“ се отцепил од гребенот „Ларсен Ц“ во јули 2017 година. Оттогаш професор Лакман го следи неговото движење, користејќи го европскиот сателит „Сентинел-1“. Постојат две вакви вселенски летала што го следат брегот.

Сателитите се опремени со радарски сензори што овозможуваат да се види површината на Земјата без оглед на временските услови и количеството светлина. Моментално Антарктикот е под зимски мрак.

Иако „А68“ генерално се држи доста компактно, по пат изгубил повеќе делови од мразот. Еден од нив паднал од неговиот крај брзо по формирањето на брегот. А за неговата големина сведочи и потребата научниците да му го дадат името „А68“. Сега оваа карпа мраз е околу 110 километри подалеку во насока кон север.

Како и многу други ледени брегови во Веделовото Море, „А68“ и „А68б“ на крајот ќе се најдат во антарктичката циркумполарна струја што ќе ги насочи кон јужниот дел на Антарктикот, на пат познат како „долината на ледените брегови“.

Станува збор за движење на вода и придружни ветрови што познатиот научник сер Ернет Шаклтон ги искористил во 1916 година за да побегне од Антарктикот откако го изгубил бродот „Ендуренс“. Шаклтон се упатил кон островот Јужна Џорџија, каде што близу бреговите често можат да се видат голем број ледени брегови. Поради длабокото дно, тие често заглавуваат во плиткиот континентален појас на британските прекуокеански територии.

Дали ова е конечната судбина на „А86“ - закотвување близу Јужна Џорџија и топење, преостанува да видиме.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука