X
 15.05.2022 Наука

Научниците откриле што ја предизвикало најголемата климатска катастрофа во светот

Пред околу 252 милиони години светот минувал низ бурен период на брзо глобално затоплување.

За да разберат што го предизвикало глобалното затоплување, научниците анализирале еден конкретен настан во кој вулканска ерупција во сегашен Сибир исфрлила огромни количини стакленички гасови во атмосферата.

Сепак, постојат докази дека климата се менувала и пред овој настан.

Температурите на површината на морето се зголемиле за 6 до 8 ℃ во стотици илјади години што довеле до овој настан. Потоа температурите повторно се зголемиле, толку многу што 85-95 отсто од сите живи видови изумреле.

Ерупцијата во Сибир очигледно оставила трага врз планетата, но експертите се збунети околу тоа што го предизвикало првичното затоплување пред самата ерупција.

Неодамнешното истражување на научниците открило дека древните вулкани на Австралија одиграле голема улога. Пред настанот во Сибир, катастрофалните ерупции во северниот дел на Нов Јужен Велс исфрлале вулканска пепел низ источниот брег. Овие ерупции биле толку големи, што ја иницирале досега најголемата климатска катастрофа во светот.

Антички вулкани


Истражувањето, објавено во „Нејчр“, потврдува дека Источна Австралија била потресена од повторени „суперерупции“ помеѓу 256 и 252 милиони години. Суперерупциите се разликуваат од попасивниот сибирски настан. Овие катастрофални експлозии исфрлиле огромни количества пепел и гасови во атмосферата.

Денес се гледаат докази за тоа во светло обоените слоеви на вулканска пепел во седиментните карпи. Овие слоеви се наоѓаат низ големи области на Нов Јужен Велс и Квинсленд, како и Сиднеј и Таунсвил.

Иако ерозијата отстранила голем дел од доказите, карпите што сега изгледаат безопасно се доказ за застрашувачки ерупции. Дебелината и ширењето на произведената пепел се во согласност со некои од најголемите познати вулкански ерупции.

vulkan
Фото: Freepik

Колку големи биле суперерупциите?


Најмалку 150.000 км³ материјал исфрлиле вулканите на северниот дел на Нов Јужен Велс во текот на 4 милиони години. Ова ги прави слични на супервулканите Јелоустоун во САД и Таупо во Нов Зеланд.

За да се стави во перспектива, ерупцијата на Везув од 79 година од н.е., која го уништи италијанскиот град Помпеја, произвела само 3-4 км³ карпи и пепел. А смртоносната ерупција на планината Света Елена во 1980 година - околу 1 км³.

Уништување на природната средина


Античките седиментни карпи им даваат на научниците временска рамка за еколошката штета предизвикана од ерупциите. Иронично, доказите се зачувани во мерки на јаглен.

Денешните наоѓалишта на јаглен во Источна Австралија покажуваат дека древните шуми покривале голем дел од оваа земја. Меѓутоа, по суперерупциите, овие шуми биле нагло уништени со серија пожари во текот на околу 500.000 години, пред 252,5-253 милиони години.

Без шумите немало растителна материја да се акумулира. Екосистемот пропаднал и повеќето животни изумреле. Последователните ерупции во Сибир само го зголемија уништувањето што го започнале австралиските супервулкани.

И овој колапс на екосистемите не бил ограничен само на Австралија. Катастрофалниот настан ги погодил сите  континенти. Имало значително влијание врз еволуцијата на животот - што на крајот довело до појава на диносаурусите.

Извор: Science Alert
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука