X
 18.07.2019 Наука

Ќе го имаме ли најжешкиот документиран јули на Земјава?

По зголемениот историски топлотен бран во Европа и невообичаено топлото време на Арктикот и во Евроазија, просечната температура на планетата се искачи на највисоко ниво досега забележано во јуни.

Според податоците објавени во понеделникот од НАСА, глобалната просечна температура е 0,93 степени над нормата во јуни, врз основа на основната линија од 1951 до 1980 година. Со тоа се руши претходниот рекорд од 0,82 степени над просекот, кој беше поставен во 2016 година.

Месецот беше проследен со тежок топлотен бран што особено ја погоди Западна Европа во текот на минатата недела, со многубројни рекорди на температурите во историјата на човештвото според податоци стари со векови.

promeni
Фото: Getty Images

НАСА е втората институција што потврди дека јуни е најжешкиот месец на Земјата, а сервисот за климатски промени „Коперникус“ веќе утврди дека јуни 2019 година беше најжешкиот ваков месец за Европа и на глобално ниво. Во јуни се појавија невообичаено благи услови на Арктикот, особено во Гренланд, каде што сезоната на топење почна порано.

Зеке Хаусфадр, климатски научник од Калифорнија, објави дека јуни 2019 година е рангиран како најтопол документиран месец пред 2017 година, што беше претходен рекордер.

- Ако овој јули се покаже како најтопол (а постојат добри шанси за тоа), ќе биде најтоплиот месец некогаш измерен на Земјата - објави на својот твитер-профил Мајкл Ман, климатски научник од Државниот универзитет во Пенсилванија.

Како јуни, и јули покажа значајни екстремни температури на неколку локации, меѓу кои и Нунавут, Канада, најсеверната населена локација на Земјата. Во неделата достигна рекордни 21 степен, соборувајќи го претходниот рекорд од 20 степени. Покрај тоа, Алјаска минатата недела ги забележа двата најжешки дена, првпат со температура од 32,2 степени во Енкориџ.

Јунскиот месечен рекорд и првиот дел од јуни ги зголемуваат шансите 2019 година да се најде меѓу трите најтопли години во историјата. Според податоците на НАСА и Националната океанска и атмосферска администрација, 9 од 10 најтопли години се случиле од 2000 година наваму, тренд што научниците го поврзуваа главно со човечките емисии на стакленички гасови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука