Нови докази откриваат дека древните Египќани ја изградиле Големата пирамида во Гиза превезувајќи 170.000 тони варовник во чамци.
Долго време е познато дека каменот бил извлечен 12 километри во Тура и дека гранитот што се користел во градбата бил ископан на 858 километри во Асван.
Сепак, археолозите имале сомнежи околу тоа како материјалот бил транспортиран до Гиза, сега дел од денешно Каиро, за изградба на гробницата на фараонот Хуфу во 2600 година пр.н.е.
Сега мистеријата би можела да е на чекор до решавање после откритието на древниот свиток на папирус, церемонијален брод и мрежа на водните патишта.
Новите докази покажуваат дека илјадници работници превезувале 170.000 тони варовник по реката Нил во дрвени чамци изградени со штици и јаже.
Блоковите од 2,5 тони биле насочени преку систем на специјално дизајнирани канали пред да стигнат во пристаниште изградено на неколку километри од основата на Големата пирамида.
Свитокот од папирус е единствената книга од прва рака што кажува како била изградена пирамидата, а била напишана од Мерер, кој бил надгледувач.
Тој детално објаснил како варовникот бил преместен од каменолом во Тура до Гиза со помош на водотеците од бронзено време.
Исто така, археологот Марк Лехнер открил докази дека овој воден пат водел под платото каде што седела пирамидата.
Новите откритија во врска со
пирамидата се прикажани во документарецот наречен „Egypt's Great Pyramid: The New Evidence“.