Научниците направиле нервен имплант кој можел да ги прочита мислите на парализиран човек и да ги претвори во пишани зборови. Со тоа се овозможува нов начин на комуникација за оние што ја изгубиле можноста за зборување.
Во
експериментите, парализираното лице требало да се обиде да зборува, а системот ја препознавал неговата намера, ги декодирал неговите мисли и ги претворил во зборови прикажани на екран.
Фото: Screenshot/
NEJM
Сепак, системот засега не е совршен. Алгоритмот кој ги декодирал мислите го погодил вистинскиот збор во просечно половина од вкупно 9.000 обиди.
Процентот бил значајно поголем кога испитаникот се обидувал да рецитира реченици кои веќе биле напишани на екранот, а алгоритамот бил подобар кога му бил додален код за автокорекција.
Извор:
Futurism