X
 14.06.2015 Технологија

Играњето Тетрис е како храна за мозокот

Тетрисот уште од одамна ги фасцинира научниците, а многу истражувања откриваат дека оваа игра може да има позитивно влијание врз мозокот на човекот и да поттикне некои негови делови да бидат поефикасни.

 

тетрис


Поголемиот дел од нас барем еднаш ја имаат играно оваа прочуена игра, а голем дел од вас би се сложиле дека на оваа игра имаат поминато часови. Можеби тогаш изгледало како губење време, но истражувањата покажуваат дека Тетрисот позитивно влијае на вашиот ум.

„PBS Digital Studio“ објави видео во кое се објаснува дека со редовно играње на Тетрис (час и пол неделно, цели три месеци) може да предизвика делови од големиот мозок да се здебелат, да стимулира различни делови на мозокот да бидат поефикасни и да ги намали флешбековите кај луѓето кои патат од пост-трауматски стрес.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија