X
 25.03.2021 Живот

Дали ви се случило да влезете во соба и да заборавите што барате? Научниците ја открија причината

Доколку некогаш сте влегле во некоја соба со одредена цел, но сте ја заборавиле таа цел веднаш по влегувањето, не сте единствени. Научниците го нарекуваат овој феномен „ефект на врата“ и претставува вистински симптом на преоптоварување на мозокот.

Истражувачи спровеле повеќе експерименти користејќи виртуелна реалност за да откријат зошто се случува ова. Во експериментите учествувале 74 волонтери кои требало да запомнат предмети во простории додека се движеле во 3Д-простор. Тие морале да следат насока на движење додека ги помнеле предметите.

Психологот Оливер Боман од Универзитетот „Бонд“ во Австралија, кој учествувал во истражувањето, објаснил дека на почетокот учесниците ги помнеле предметите и не бил забележан ефектот, но проблемите почнале да се појавуваат како што станувало потешко помнењето на сите предмети.


Фото: Pixabay

Овие експерименти откриваат дека не мора да влезете во нова соба за да заборавите нешто кога мозокот ви е пеоптоварен. Истото може да се случи и при ненадејна промена во околината, што го поттикнува мозокот да процесира нешто сосема ново.

Преоптоварувањето на мозокот со информации ги прави луѓето поподложни на „ефектот на врата“, односно на заборавање, заклучува Боман. Доколку сакате да го одбегнете тоа, обидете се да останете фокусирани на целта и мислете на неа цело време додека не ја завршите, велат истражувачите.

Автор: Кели Воган
Извор: marthastewart.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот