X
 18.08.2019 Наука

Идните биолошки оружја ќе убиваат луѓе со одредена ДНК

Во иднина можеби ќе мораме да се справуваме со биолошко оружје кое таргетира одредени групи луѓе, одминувајќи ги другите, покажува извештајот на Центарот за проучување на егзистенцијалниот ризик при Универзитетот „Кембриџ“.

Истражувачите наведуваат во извештајот дека владите низ светот не успеале да се подготват за футуристичките оружја базирани на напредна технологија, како вештачка интелигенција и генетичка манипулација или дури патоген-убиец создаден да убива само луѓе од одредена раса.

Во извештајот се повикува на создавање независни групи за да ги оценат ризиците од неколку идни технологии и да откријат кои протоколи се во функција за заштита на луѓето.

- Технологијата станува сè пософистицирана за помала цена, демонстрирајќи ја способноста да наштетува побрзо и посмртоносно. Во особено лош случај биооружјето може да биде направено за да се таргетира одредена етничка група врз основа на нејзиниот геномички профил - наведуваат авторите на извештајот.

На крајот истражувачите заклучуваат дека не можеме да си дозволиме да чекаме тие оружја да станат реалност пред да преземеме нешто во врска со нив.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука