X
 18.09.2017 Наука

Експертите одредија кога сонот е квалитетен

Кога станува збор за здрав начин на живот, секој знае дека добриот сон е важен колку и балансираната исхрана и физичката активност. Но што всушност е „добар сон“? Досега немаше медицинска дефиниција, но сега Националната фондација за спиење објави нови препораки.

Што го прави сонот квалитетен?

Знаете кога сонот е лош - многу ’рчите, се вртите, станувате, јадете. Но што го прави еден сон добар, досега предизвикуваше дискусија меѓу истражувачите. Затоа фондацијата собрала експерти на панел-дискусија со цел да го дефинираат квалитетниот сон. Панелистите анализирале 300 истражувања за квалитетот на сонот, испитувајќи ги и прегледувајќи ги нивните резултати. На крај тие одлучиле за критериумите според кои го проценуваат сонот како квалитетен.

Ова се четирите критеруми на добриот и квалитетен сон

1. Не ви требаат повеќе од 30 минути за да заспиете.

2. Се будите само еднаш во текот на ноќта.

3. Кога ќе се разбудите навечер, не сте будни повеќе од 20 минути.

4. Спиете најмалку 85 отсто од времето во кревет.

Што ако не спиете квалитетно? Клиниката во Мејо, Америка, препорачува неколку начини за подобрување на сонот. Држење до распоред - да одите во кревет во исто време секоја вечер и да ги правите истите работи пред да се уморите. Ова може да го подобри циклусот за спиење на вашето тело. Исхраната, вежбањето, стресот, па дури и спалната соба може да имаат влијание. Ако често пати имате проблеми со спиењето, тогаш треба да се обратите кај доктор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука